Меси доби шише во глава – навивачот кој го фрли ќе добие доживотна суспензија

Напаѓачот на Барселона, Лео Меси, доби шише во главата во моментот кога го прославуваше победничкиот погодок на Бускетс на дуелот против Валенсија, кој се одигра синоќа.

Инцидентот се случи додека Меси беше легнат на теренот на „Местаља“, и заедно со своите соиграчи го прославуваше голот кој го постигна Бускетс. Во тие моменти од трибините беше фрлено шише со вода кон играчите на Барселона, кое заврши во главата на Меси.

Но, најинтересно е тоа што при обидот Меси да му се пожали на судијата за инцiдентот, од делителот на правдата доби жолт картон.

Сепак клубот од “Местаља” веднаш преку соопштение изрази жалење за инцидентот и најави ригорозна казна за навивачот кој го предизвика истиот.

valenciastatement

“Жалиме поради инцидентот, во кој е фрлено шише на играчот на противничкиот тим Лионел Меси. Клубот ќе се обиде да го пронајде виновникот и доживотно ќе му забрани влез на натпреварите на Валенсија. Клубот има нулта толеранција за било какви насилни акции. Им се извинуваме на Меси и на Барселона”, стои во соопштението што го издаде шпанскиот прволигаш Валенсија.