среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 22

ВИДЕО: „МЕТЈУ“ ОСТАВИ ПУСТОШ НИЗ АМЕРИКА: На Хаити над 900 жртви, во Флорида 5

Бројот на загинати се зголемува секојдневно, од час во час, а уште поголем е бројот на повредени, додека уште околу 61.500 лица се наоѓаат во засолништа

An official vehicle navigates debris as it passes along Highway A1A after it was partial washed away by Hurricane Matthew, Friday, Oct. 7, 2016, in Flagler Beach, Fla. Hurricane Matthew spared Florida’s most heavily populated stretch from a catastrophic blow Friday but threatened some of the South’s most historic and picturesque cities with ruinous flooding and wind damage as it pushed its way up the coastline.  (AP Photo/Eric Gay)

Поврзани вести

Бројот на загинати на Хаити при ураганот „Метју“ порасна 900, додека десетина илјади луѓе останаа без своите домови, а земјоделските посеви се уништени во сиромашните делови на оваа карипска земја.

Неколку десетици луѓе се водат за исчезнати, најголем дел од северната страна на земјата.

161006121104-02-hurricane-matthew-haiti-1006-super-169

Бројот на загинати се зголемува секојдневно, од час во час, а уште поголем е бројот на повредени, додека уште околу 61.500 лица се наоѓаат во засолништа, соопштила Агенцјата за цивилна заштита на Хаити.

metju-haiti

Хаити е често на удар на природни катастрофи бидејќи се наоѓа на патот на ураганите, а во јануари 2010 година го погоди разорен земјотрес којшто уништи поголем дел од престолнината и зад себе остави повеќе од 250 илјади мртви луѓе.

Разурната зграда при катастрофалниот земјотрес во јануари 2010

Разурната зграда при катастрофалниот земјотрес во јануари 2010

Ураганот „Метју“ којшто веќе се наоѓа во фаза на слабеење во близина на брегот на американските држави Џорџија и Јужна Каролина, во САД предизвика катастрофални поплави, повеќе милиони луѓе останаа без снабдување со електрична енергија на Флорида, каде, според првичните информации загинале петмина.

ht_wftv_hurricane_matthew_florida_road_2_jt_161007_4x3_992

Најсилниот налет на урганато е 165 километри на час во деловите на историските градови од колонијалниот период Чарлстон, Северна Каролина и Савана.

„Во следните 36 часа постои голема животна опасност на северниот дел од брегот на Флорида, во Џорџија и на брегот на Јужна Каролина“, предупреди Националниот центар за урагани во Мајами.

Властите во Јужна Каролина наредија евакуација во засолништа коишто се обезбедени во училишните згради за повеќе илјади луѓе.

Веќе неколку милиони Американци се евакуирани по наредба и воведување на полициски час во градовите каде ураганот беше со поголема сила.

Најчитани вести