ВИДЕО: Мики Рурк победил психички болен бездомник во договорена борба?

Една од најголемите боксерски вести минатата недела, беше враќањето на 62-годишниот американски актер Мики Рурк на боксерскиот ринг. Рурк, кој пред да почне да снима за големите филмски продукции, во младоста се занимавала со бокс.

Во петокот, во Русија, холивудската ѕвезда забележа победа против Елиот Сејмур во бокс меч, кој очигледно, бил договорен, објавува порталот за боречки вештини „Ипон“.

Авторитетиот весник „Дејли Меил“ добил инсајдерска информација, која открива грда вистина, од луѓе што биле присутни на состанокот.

„Сите овие наслови дека Мики Рурк победил некој кој е два пати помлад од него… да, го победи, но тоа не е вистинската приказна. Вистинската приказна е дека тој победи бездомник, кој е очаен и најверојатно ќе се врати повторно да живее на улица откако му беа исплатени парите. Луѓето немаат идеја за тоа. Постојат многу нешта околу ситуацијата, кои не се кажуваат и кои се многу поважни. Борбата беше наместена. Човекот нема дом и има психички проблеми. Му рекоа да падне во четвртата рунда, но тој се откажа во втората. Се надевам ќе му платат и ќе се врати дома неповреден“, пишува весникот.

Сепак, по средбата Рурк покажа убеденост во своите можности.

„Минатиот месец поминав доста време со Мики Вард, кој е познат по ударите во црниот дроб, па работев доста на оваа техника“, изјави американскиот актер.

Рурк додаде и дека нема намера да застане тука и дека ја планира следната средба во март 2015 година. Рурк има минато во боксот, дури некое време вежбаше со Фреди Роуч. Затоа постои веројатност дека дуелот можеби и бил наместен, но Рурк да не знаел за тоа.