ВИДЕО: Миленко од Кавадарци му одговори на Сашо Ордановски

Миленко Неделковски, кој е еден од говорниците на трибините на ГДОМ, во Дневникот на Сител говореше за тоа која е целта на овие трибини.

-Целта е ние кои на различни начини сме присутни во медиумите да ги размениме ставовите и мислењата со народот односно тоа што наредот го мисли, да се види дека го мислиме и ние истото. Едноставно да сме на исто место сите заедно, сите заедно да стоиме на тој став, зад тие идеи, истакна Неделковски.

Тој додаде дека Зоран Заев е соработник на странски служби кој материјалите ги користи за политичко уценување.