понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 20

ВИДЕО: Милионер од САД и сиромашен Македонец пријавени за „работа од соништата“ на Алпите

За работното место овчар на Велика планина на словенечките Алпи огласено преку интернет со цел да се популаризира еко туризмот до сега се пријавиле повеќе од 2.000 луѓе од целиот свет. Двајца од пријавените се во најтесен избор, изјавил водачот на проектот Матјаж Зорман.

slovenija

Последни вести

Ни се јавуваат кандидати од целиот свет. Од САД, Австралија и други држави, има многу Словенци, а највеќе Унгарци, вели Зорман за Словенечката телевизија во врска со акцијата за барање кандидат за „работа од соништата“.

Зорман рекол дека веќе имаат двајца кандидат во најтесен избор кои наскоро ќе ги повикаат на разговор за да ја преземат „службата од соништата“ затоа што станува збор за вид на екстензивно сточарство при кое животните на почетокот на летото од бачилата во низините се преместуваат во повисоките планински предели каде што тревата е погодна за паша и во текот на летните горештини.

Еден е Американец, милионер кој дури понуди сам да си плати сместување и храна за да може да чува крави и овци, а другиот е од Македонија, сиромашно момче без образование и работно искуство, вели Зорман.

Најчитани вести