Свет

ВИДЕО: Мирно прошетал со железна прачка забодена во главата

ВИДЕО: Мирно прошетал со железна прачка забодена во главата

Неверојатен момент забележале камерите на една новозеландска бензинска пумпа. Мажот бил префрлен во болница каде што му ја извадиле железната прачка од главата, а полицијата трага по напаѓачите.

Во просториите на една бензинска пумпа во Нов Зеланд, во саботата мирно влегол маж со железна прачка забодена во главата и побарал помош.

На 23-годишниот Адам Армитаж, крвта му се слевала низ главата кога ѝ пришол на благајничката и ѝ рекол дека туку што бил нападнат. Парчето железо го придржувал со раката. Сопственикот на бензинската пумпа, Лестер Греј, рекол дека мажот изгледал како на себе да има костим за Ноќ на вештерките, но сè било и тоа како реално.

Еден од сведоците на овој бизарен момент рекол дека мажот бил прилично смирен и не се избезумил поради железната прачка. Бил свесен дека не смее да се обидува да ја извади, пренесува NY Daily News.

Тој бил превезен во локалната болница каде што му ја отстраниле прачката. Според пишувањето на локалните медиуми, неговата состојба и понатаму е сериозна, а полицијата сè уште го истражува нападот и ги бара осомничените.

Извор: Точка.мк