ВИДЕО: Мис Венецуела убиена за време на протестите

Мисицата на Венецуела е една од петте жртви на студентските протести.

Лекарите не успеале да и го спасат животот на 22-годишната Генесис Кармона, која била застрелана во глава за време на студентските протести во Венецуела.

Непознат напаѓач отворил оган кон студентите кои протестирале против владата на Николас Мадуро. Со нејзината смрт, бројот на загинати во протестите оваа седмица пораснал на пет.

Кармона била застрелана на сред улица, за време на протестите во Валенсија. Еден од демонстрантите ја кренал од земја и со својот мотор итно ја одвел во болница.