Видео: Мишел Обама пристигна во Саудиска Арабија, но одби да ја покрие главата со шамија

Првата дама на САД, Мишел Обама, крена голема прашина во Ријад каде допатувала со сопругот, американскиот претседател, Барак Обама, на последното испраќање на саудискиот крал Абдула, затао што на главата не ставила шамија.

Жените во Саудиска Арабија, во која владее строгиот шеријат, главно во јавност се движат целосно замотани или барем со никаб (прекривка за лице) или хаџаб (марама за глава). Исклучок се туристките кои главно ја прекриваат само главата со марама.

Screenshot_1

Screenshot_2

Меѓутоа, Мишел Обама се согласила да носи долги ракави, но не и да ја покрие главата, со што предизвикала бројни негативни коментари на социјалните мрежи.

Краток период, по емитувањето на нејзината снимка од посетата на тамошните телевизии, на твитер се појавија постови со хаштази „Мишел Обама откриена“ (#Michelle_Obama_NotVeiled)

Screenshot_3

Нејзиниот гест бил негативно коментиран, најчесто од блискуисточните муслимани, по што следеле неколку прашања меѓу кои и зошто Мишел Обама во Индонезија носела никаб, а во Саудиска Арабија не, но се појавија и море од твитови со честитки до првата дама бидејќи не сакала да се согласи на билокакво наметнување со кое живаат жените во земјите каде владее шеријатот.