Свет

ВИДЕО: Мистериозен кратер се отвори на Сибир, се бара причината

ВИДЕО: Мистериозен кратер се отвори на Сибир, се бара причината

Мистериозен кратер кој се отвори на Сибир го привлече вниманието на научниците.

Дупката е широка 80 метри, а причината за нејзината појава се уште не е позната.

Секако, НЛО фановите сметаат дека кратерот е последица на слетување на вонземјани на земјата, но руските експерти не ја прифаќаат оваа теорија и сакаат да пронајдат логично и научно објаснување.

Тие тврдат дека кратерот е настанат како резултат на испуштање на подземен гас, што го објаснува изгорениот раб на кратерот.

Една теорија е дека станува збор за место на кое паднал метеор.

Властите организираа експедиција од голем број руски експерти. Намерата е да се земе примерок од почвата, воздухот и водата. Москва тврди дека не станува збор за метеор, но додава дека е пререно да се зборува за што станува збор.

Во секој случај, наскоро веројатно ќе ја дознаеме причината за создавање на кратерот, а дотогаш ќе ги следиме нереалните теории на онлајн „експертите“.