ВИДЕО: Мистериозната дупка во Русија не престанува да се шири

Чудната дупка во североистичниот дел на Русија станува се поголема, а дрон на телевизијата „Раша тудеј“ успеа да ја прикаже нејзината вистинска големина и моќ.

Прво, цел на нејзиното ширење беше местото Соликамс, а дупката тогаш беше широка околу 30 метри. Од појавувањето во ноември 2014 година до денес, таа се рашири на неверојатни 125 метри во пречник.

Дупката не покажува знаци на успорување додека околната земја тоне и исчезнува во нејзината длабочина, која изнесува околу 75 метри.

Се претпоставува дека оваа дупка настанала како последица на поплавите кои ги зафати регионот и поранешниот рудник.

Во близина се наоѓа активен рудник,  чии челници го уверуват населението чии куќи се наоѓаат во близина на оваа дупка, дека таа не претставува опасност по нивната безбедност.