Свет

ВИДЕО: Млада Авганистанка каменувана до смрт

ВИДЕО: Млада Авганистанка каменувана до смрт

Деветнаесетгодишна Авганистанка е каменувана од страна на група мажи. На двеминутното видео се гледа како додека девојката, која е закопана до половина во земја плаче, набљудувачи ја снимаат.

Едно од локалните официјални лица Мохамад Заман Азими за суровото убиство ги обвинува талибанските милитанти. Според неговите зборови, 19 годишната Рокхсана била каменувана до смрт под обвинение за предбрачен секс со 23 годишниот вереник Мохамад Гулом, кој е казнет со камшикување.

Нејасно е зошто жената добила строга казна, иако е познато дека талибанските религиски судови се поблаги кон мажите.

Младата двојка наводно побегнала од своето семејство со желба да најдат место за да се земат.

Би-Би-Си пишува дека ваквите слични егзекуции се вообичаени во Авганистан. Жена со име Фаркхунд во март била сурово дивјачки претепана а потоа и запалена во средиштето на Кабул откако е обвинета дека го запалила Куранот. Убиството предизвика протести во Авганистан и осуда во светот.