ВИДЕО: Момчиња од Русија се качија на врв на нуклеарен реактор

Пет момчиња од групата Трагачи по адреналин од Санкт Петербург во саботата вечерта успеале да влезат во високо безбедната нуклеарна централа Ленинград, а сето тоа дури и го снимиле со GoPro камера.

Петте млади момчиња се искачиле на недовршениот покрив на новиот реактор на централата и на кулата за ладење, висока 150 метри.

Тие успеале да влезат и излезат од објектот, а притоа да не бидат забележани.