ВИДЕО: Моментот на експлозијата на бриселскиот аеродром

Моментот на експлозијата беше регистриран од страна на безбедносните камери. Снимката од нападот се појави на интернет.

Инаку во нападот најмалку 11 луѓе загинаа, а 20 се повредени во експлозии на бриселскиот аеродром Завентем, јавуваат локални медиуми.

Аеродромот ја прекина работата, откако изутринава беа регистрирани две експлозии, кои според Раша тудеј се случиле на терминалот за летовите на компанијата „Американ ерлајнс“.

Засега не се познати причините за експлозиите.

Други видеа од аеродоромот во Брисел на следниот линк.