ВИДЕО: Моментот на експлозијата на фабриката за огномет во Британија

На социјалните мрежи се појавија видео снимки од моментот на експлозијата на фабриката за огномет во Саутемптон, Британија. Пожарот се случил утрово околу 5.00 часот.

Околу 70 пожарникари се борат со огнените јазици, а се верува дека во фабриката немало персонал во моментот на експлозијата.


Поради пожарот домовите во радиус од 100 метри се евакуирани, а затворен е патниот правец во целост, како и локалното училиште.