Свет

ВИДЕО: Морничавиот пејсаж на Чернобил 28 години подоцна

ВИДЕО: Морничавиот пејсаж на Чернобил 28 години подоцна

Речиси три декади по една по нуклеарната катастрофа во Чернобил, Американецот Филип Гросман патувал во напуштениот град Припајат за да ја сними уништената област.

На видео снимката можат да се видаг уништените згради каде некогаш живееле околу 50 илјади граѓани, а она што Гросман го има трогнато се детските играчки кои можат да се забележат низ улиците на овој напуштен град.

Нуклеарната несреќа се случила а 26 април 1986. година. Радиоактивниот облак бил 30-40 пати поголем од оној што настанал над Хирошима.

Облакот во текот на неколку следни денови се распространил над западниот дел на СССР, делови од централна и северна Европа, па дури до источниот брег на Северна Америка. Големи површини од Украина, Русија и Белорусија биле тешко загадени, што предизвикало евакуација на над 336.000 луѓе од засегнатите подрачја. Според официјалните податоци, околу 60% од создадениот радиоактивен материјал завршиле во Белорусија. Извештајот подготвен од Меѓународна агенција за атомска енергија и Светската здравствена организација заклучува дека 56 лица загинале во самата несреќа, и проценува дека уште 9.000 други починале од рак директно предизвикан од радијацијата. Властите првобитно се обиделе да го сокријат инцидентот, но го признале дури откако зголемени нивоа на радиоактивно зрачење биле регистрирани и во Шведска.