понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

ВИДЕО: МТВ со репортажа за тренинг кампот на Вардар

Утринската програма на Македонската телевизија беше во посета на тренинг кампот на Вардар во населбата Илинден.

trening-kamp-vardar-1

Поврзани вести

Утринската програма на Македонската телевизија беше во посета на тренинг кампот на Вардар во населбата Илинден.

Во разговор за емисијата „Македонија наутро“, директорот на кампот, Кирил Кироски, раскажуваше за капацитетите на единствениот ваков објект во Македонија, а пред камерите говореа и Влатко Грозданоски, Никола Глигоров и Александар Васоски.

Тренинг кампот на фудбалскиот клуб Вардар е еден од најимпозантните фудбалски објекти, не само во Македонија, туку и пошироко во регионот. Осмислен според современите капацитети кои ги имаат на располагање најсилните европски екипи, овој објект на фудбалерите им ги овозможува сите неопходни услови за нормално одвивање на тренажниот процес, ја почнува новинарката репортажата за нашиот тренинг камп.

trening-kamp-vardar-2

Изградбата на овој објект чинеше четири милиони евра и со пуштање на употреба на овој објект, фудбалерите ги добија благодетите кои ги содржи овој комплекс, а тоа се двете фудбалски игралишта, едно со вештачка и едно со природна трева, кои што имаат најсовремен дренажен систем, кој пак овозможува тренажниот процес да се одвива во секакви временски услови. Исто така терените се осветлени и со рефлектори, што овозможува тренирање и во вечерните часови. Комплексот содржи 16 соби и три апартмани за дневен и карантински престој на фудбалерите и стручниот штаб пред одигрување на натпреварите. Има и простории за видео анализа за следните противници со кој се соочува нашиот фудбалски колектив, простории за индивидуални разговори и анализи, потоа канцелариски простор за стручниот штаб и администрацијата која што е вработена во комплексот, најсовремен медицински и спа центар како и ресторан и кафетерија која што можат да ја користат и посетителите во објектот. Исто така важно е да се напомене дека во ресторанот се подготвува храна исклучиво во договор со докторот за храна кој го користиме од Хотел Русија. Долгогодишниот сон на генерациите, вардарови навивачи, може да кажеме дека од ден во ден станува се повеќе реалност, односно тој сон е пласман на фудбалскиот клуб Вардар во едно од двете најмасовни европски натпреварувања, Лигата на Европа или Лигата на Шампионите, истакна директорот Кироски.

Фудбалерите кои се дел од најтрофејниот фудбалски клуб со гордост зборуваат за својот црвено-црн тим. Привилегија и чест е да се бранат боите на големиот Вардар.

Вардар е најорганизираниот клуб во Македонија, благодарност до нашиот газда Сергеј Самсоненко што ни ги овозможи овие услови. За голем клуб потребно е нели и малку време, а Вардар е на добар пат да биде тоа во европски рамки, зашто знаеме сите дека во Македонија, Вардар е најголемиот клуб. Се надевам дека Вардар ќе оди само напред, инфраструктурно веќе цврсто газиме напред, а се надевам дека еден ден дека ќе имаме одлични резултати во Европа, вели Влатко Грозданоски.

Неговиот колега од средниот ред Никола Глигоров го дополнува дека Вардар оди во посаканата насока.

Во балкански рамки, Вардар е сигурно еден од најстабилните фудбалски клубови, заедно со Динамо и уште неколку клубови. Тежнееме да ги достигнеме и европските клубови. Сигурно е тешко таму да се напредува од година во година, меѓутоа Вардар оди во таа насока, да има успех не само на домашна сцена туку и во европски рамки, потенцира Глигоров.

За тоа какви услови имал Вардар некогаш и какви има денес, говореше Александар Васоски.

Со градењето на овој тренинг центар, всушност Вардар покажува дека е голем клуб, не само во македонски туку и во европски рамки.  Знаеме дека база на еден клуб е тренинг центар каде што може да погледнете дека имаме одлични услови. Кога би направил споредба од тогашното време и сега, сметам дека сега Вардар е клуб во секоја смисла на зборот, бидејќи можат да се набројат на прсти тие клубови од бивша СФРЈ што имаат ваков тренинг центар, а во Европа, само големите клубови имаат вакви услови. Ако направиме некоја паралела со репрезентациите што се во бившајугословенски простори, кога една Босна беше на светско првенство, кога една Црна Гора е исто така една квалитетна репрезентација, мислам дека ние во наредните години веќе треба да имаме цел да се пласираме на некое натпреварување. Ние сме фудбалска нација и сме покажале во минатото дека играме добар фудбал. Се надевам јас и македонската фудбалска јавност дека наскоро ќе се пласираме на некое големо европско или светско натпреварување, рече Васоски.

Љубовта која се роди во далечната 1947 година, живее во срцата на секој вардарец. Живот посветен на фудбал, публика и безброј освоени награди. Вардар сѐ уште е најдобар и најтрофеен фудбалски клуб во нашата земја, завршува репортажата на Утринската програма на МТВ.

Најчитани вести