ВИДЕО: Мундијалот отворен, Џеј Ло ги „запали“ Бразилците

lopezСо свечена церемонија на стадионот „Арена Коринтијанс“ во Сао Пауло вечерва е отворено јубилејното 20-то првенство во фудбал на кое во 12 градови низ Бразил следните месец дена ќе се натпреваруваат 32 национални репрезентации.

Во присуство на 60.000 гледачи , неколку стотина уметници преку игра и музика ја покажаа магијата на најголемата држава на Јужноамериканскиот континент. На крајот од спектакуларната програма, официјалната песна на Мундијалот „Сите сме едно“ (We Are One) ја изведоа светската ѕвезда Џенифер Лопез, познатиот рапер Питбул и бразилската пејачка Клаудија Леите.

Во првиот натпревар меѓу Бразил и Хрватска, домаќините ја победија Хрватска со 3:1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.