Видео: МВР апелира граѓаните да не дозволат да бидат вовлекувани во ничии сценарија

Според овие видео снимки кои денеска ги објави Министерството за внатрешни работи, но и снимките од медиумите, МВР досега идентификуваше голем дел од најекстремните и најагресивните насилници кои минатиот петок дивееја во центарот на Скопје, повредија 30 полициски службеници и демолираа згради на државни институции.

„Доколку кој било граѓанин препознае некого од хулиганите, може да го пријави истото на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица. Без разлика дали пријавата би била анонимна, соодветните полициски служби ќе постапат и доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки“, се вели во соопштението на МВР.

Оттаму апелираат граѓаните да не дозволат да бидат вовлекувани во ничии сценарија, ниту во какви било насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.