(ВИДЕО) МВР со детали, грчките спасувачи не ја потврдуваат трагедијата на Кајмакчалан

Две лица кои се изгубиле вчера попладне на падините на планината Кајмакчалан од грчка страна според извештаите на повеќето грчки медиуми, утрово се пронајдени мртви. Сепак, од грчката против пожарна бригада потврда за трагедијата нема.

Грчката телевизија „Алфа“ објави дека двајца планинари биле пронајдени мртви, информација која беше објавена и на други локални медиуми, но спасувачката служба се уште не ги потврдува трагичните вести.

„Двајцата планинари од Скопје, еден маж и една жена на возраст од околу 30 години, отишле на Кајмакчалан со пријателите. Властите биле алармирани вчера во 14,30 часот, кога започнала истрагата по исчезнатите планинари. Веднаш е даден сигнал на надлежните и специјално обучени спасувачи почнале да ја ‘чешлаат’ областа за пронаоѓање на двете лица’, објавија грчките медиуми.

Според Алфа, околу 20 часот синоќа, спасувачите успеале да разговараат со планинарите, но сепак не можеле да стигнат до критичната точка, бидејќи во тоа време преовладувале екстремни временски услови.

„Денеска рано наутро, двете лица се пронајдени починати паднати во клисура“, објавија грчките медиуми.

 

Противпожарната бригада не ја потврдува трагедијата.

Трагичниот настан досега не е потврден од страна на Противпожарната бригада. Според нивната Канцеларија, направени се процедури за да се пристапи и извлечат двајцата исчезнати, без притоа да се прецизира дали тие се починати.

МВР трага по планинарите, телефоните биле лоцирани на 100 метри во македонска територија

Во раните утрински часови Секторот за внатрешни работи Битола добил пријава дека на две лица-планинари, кои биле дел од група планинари од Република Македонија, им се губи трагaтa на планината Ниџе, потврдуваат од МВР за НОВА.

Настанот го пријавиле останатите членови на групата.

Според нивното кажување, по кратко време откако тргнале да се искачуваат на планината од страна на Република Грција, на двајца нивни членови, едно машко и едно женсо лице, им се губи трагата.

За настанот биле известени и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и грчките погранични служби.

Набргу потоа, телефоните на двајцата планинари биле лоцирани на 100 метри во територијата на Република Македонија.

За сега не е познато во каква состојба се планинарите, објави порталот.