ВИДЕО: На 105 години постави рекорд во спринт

Сто и петгодишниот Хидекичи Мијазаки, кој го носи прекарот “Злaтниот Болт” истрча 100 метри за време од 42.22 секунди.

Мијазаки постави светски рекорд на 100 метри за мажи до 105 години.

Не сум задоволен од своето време, изјави старецот, откако зеде здив по завршување на трката.

Запрашан за последните достигнувања на Болт (трите златни медали на Светското првенство во Пекинг), Мијазаки одговори со голема насмевка: “Но, тој се уште нема трчано против мене. Јас би сакал да се тркам со него…”

Мијазаки е роден во 1910. година, висок е 153 сантиметри и има 42 килограми, тренира секој ден. Тој со товар од еден килограм на грбот пешачи секој ден во паркот, во својот кварт Кјото.

Ќе ви кажам една работа, јас сум горд со своето здравје. Можеби веќе немам многу жив дух, но физички сум тип – топ. Никогаш не сук имал проблем со здравјето и не се сомневам дека ќе можам да трчам уште две – три години, заврши старецот.