Свет

ВИДЕО: На Британија и се закануваат катастрофални поплави

ВИДЕО: На Британија и се закануваат катастрофални поплави

Опасна плима им го загрози животот на илјадници Британци. Обилни врнежи, ветрови и плима ги погодија   Девон, Корнвол и Јужен Велс со бранови поголеми од десет метри.

Жителите на Велс се заробени во своите домови, а доцна синоќа беа погодени од моќни бранови.

Од најкритичните места евакуирани се десетици лица.

Издадени се 21 предупредување за опасноста од големи поплави кои можат да бидат закана за животот и имотот. Жителите  во ниските области се предупредени да ги спакуваат своите работи , бидејќи бурата би можела да ги поплави нивните домови и фарми, пренесе Би-Би-Си.

„Луѓето не можат да знаат што се крие во тие бранови. Морето носи со себе камења чакал и силно и исфрла”, изјавил портпаролот на локалните власти Рон Кант, додавајќи дека на „паркиралиштето паднале камења тешки 50 килограми”.

Состојба на највисока подготвеноста поради поплавите прогласија грофовиите Глочестершир и Дорсет во југозападна Англија, и Велс, каде што на населението поради претпазливост му е препорачано да не излегува од своите домови.

 

Поплавени се и крајбрежните области на Северна Ирска, а Белфаст е релативно поштеден.

На граѓаните им се препорачува да ги избегнуваат крајбрежјата поради високите бранови.  Невремето во Обединетото Кралство досега зеде седум животи.  Британската полиција соопшти дека во jугозападна Англија се удавиле маж и жена, откако надојдена вода ги однела во отворено море. Уште еден жител на јужните области, кој паднал во надојдена река, се води како исчезнат.

Во моментов во речиси 350 области во Велика Британија е објавена опасност од поплави. Ситуацијата ја отежнуваат и поради силните ветрови, кои на места достигнуваат брзина и до 120 километри на час.