ВИДЕО: На Марс некогаш постоело големо езеро

Роверот на НАСА Кјуриозити открил докази дека пред неколку милијарди години кратерот Гејл кој во моментов го истражува бил исполнет со вода.

Резултатите од истражувањата што роверот ги спроведува во последниве две години денеска биле соопштени од страна на НАСА на прес конференција.

Mars_Lake_ESA

Роверот испратил податоци дека во 154 km широкиот кратер постојат карпи кои се создадени со наталожување на седимент.

Со помош на податоците што ги испратил роверот, научниците на НАСА успеале да направат споредба на големината, типот и составот на слоевите на седиментот во кратерот и да ги споредат со податоците за создавањето на езерата на Земјата.

Со ова се зацврстува верувањето дека Црвената планета некогаш била погодна за развој на живот.

Новите научни докази посочуваат дека имало промени на суви и влажни периоди во кратерот, со што се доведува во прашање претходното тврдење дека топлата клима на Марс е од понов период.