ВИДЕО: На Шерон Озборн и’ испадна заб сред емисија во живо!

Шерон Озборн сопругата на британскиот музичар Ози Озборн, додека опуштено разговарала со водителката на емисијата „The Talk“ и се случило не баш пријатна ситуација.

На сред реченица, Шерон замолчела и на присутните гости во студиото им открила дека само што и испаднал забот. На прв поглед изгледало дека станува збор за шега меѓутоа таа се насмеала и им покажала на сите деке не се шегува. А неволјата да биде поголема емисијата се емитувала во живо.

„Се работи за имплант. Па на него потрошив цело богатство“,  почнала да се шегува Озборн додека сите околу неа се  валкале од смеа.

„ Само ти можеш да изгледаш симпатично во ваква ситуација“, и’ кажала водителката по кратката пауза во која Шерон сепак, успеала привремено да го залепи забот.