ВИДЕО: Над 20.000 граѓани веќе се потпишаа за Иванов

Илија Димовски, Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата истакна дека до 21:30 собрани се 20.000 потписи од граѓани на Република Македонија за поддршка на кандидатурата на господинот Ѓорге Иванов за Претседател на Република Македонија.

Тој посочи дека за нешто повеќе од два часа, над 20.000 граѓани веќе се потпишаа на кандидатурата на господинот Ѓорге Иванов во подрачните единици на Државната изборна комисија.

Според нашите информации, додаде Димовски,  потписи се собираат во сите подрачни единици низ Република Македонија, а огромен број на граѓани сеуште спокојно го чекаат својот ред за да се потпишат на кандидатурата.

ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и затоа високо ја цени и почитува поддршката од граѓаните за кандидатот господин Ѓорге Иванов.

„Ова е само еден, но најзначаен чекор во постапката за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија, со кој ВМРО-ДПМНЕ покажа дека практикува отворена, демократска и транспарентна постапка“, посочи Димовски.

Поддршката која граѓаните вечерва директно и непосредно ја даваат на кандидатот Ѓорге Иванов, говори дека тој навистина ужива огромна почит од многу граѓани на Република Македонија.

Тој нагласи дека нив значи оваа масовна поддршка од граѓаните.

„Нам ни значи поддршката од секој еден граѓанин. Во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам на сите оние кои до сега го дадоа својот потпис на кандидатурата на господинот Ѓорге Иванов“, посочи Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.