ВИДЕО: Над 30 лица загинаа во бомбашки напад во Ирак

Бомбаш-самоубиец денеска југот на Ирак со минибус полно со експлозив влетал во безбедносен пунк при што загинале 34 лица, додека 147 се повредени, соопштиле локалната полиција и медицинската служба.

Меѓу повредените 13 се цивили, вкулучувајќи и една жена и 12-годишно дете и деветмина припадници на службата за безбедност. Нападот се случил на влезот наградот Хила, околу 95 километри јужно од Багдад во текот на утринскиот метеж, додека имало колона од автомобили кои требало да бидат прегледани.

При експлозијата се запалиле најмалку 50 автомобили чии патници останале заробени, а уништен е и дел до зградата на безбедносниот пункт. Контролните места се честа мета на напад во Ирак, како и места на кои се собираат голем број луѓе.