ВИДЕО: Над 800 мртви делфини пронајдени на плажите во Перу

Властите во Перу ја истражуваат смртта на повеќе од 800 делфини кои се исфрлени на северниот брег на Перу година.

Можно е делфините да угинале од епидемија на морбили или пак од бруцелоза, вели заменик министерот за животна средина Габриел Квијандриа.

Сепак, точните резултати од тестовите се очекуваат да бидат готови за една недела.

Вкупно 877 делфини биле исфрлени на брегот на Перу од почетокот на годинава. Властите сметаат дека угинувањето на делфините не е поради загадување, недостаток на храна или труење.

Морскиот биолог Су Рока вели дека нешто многу трауматичко морало да се случи за да предизвика ваков помор на делфините.

Сепак, таа истакнува, дека е потребно да се направат повеќе испитувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.