ВИДЕО: Над пола метар снег во Ерусалим, се’ е блокирано

Ерусалим е под бела снежна покривка која достигнува и до 60 сентиметри. Градот е парализиран откако минатата недела го зафати снежна бура.

Поради обилните снежни врнежи  поради што голем број на училишта се затворени, градскиот транспорт работи половично а домаќинствата се без електрична енергија.

Дополнителни маки се и поплавите во појасот Газа каде околу 40.000 луѓе ги напуштија своите домови.

И покрај блокадата на палестинската територија, Израел за време на викендот испрати нафта за електроцентралата во Појасот Газа и четири водни пумпи како хуманитарен гест.

За прв пат по 112 година во Египет и Израел падна снег.