ВИДЕО: Најбизарното додворување на ТВ пренос

На оваа видео снимка е прикажано едно од најбизарните додворувања досега…

Една новинарка отишла во живо да известува за шумскиот пожар на југот од Калифорнија, меѓутоа не очекувала дека тогаш ќе биде повикана на состанок и тоа од страна на полугол маж со куче во рацете.

Иако во нивна близина беснеел пожар и целиот крај бил зачаден, човекот не бил заинтересиран за тоа.

Тој во рацете држел мало кутре и од некоја причина од половината нагоре не носел облека, што не му пречело во опуштеното однесување пред камера.

„Толку си убава. Сакаш ли да излезеш со мене некогаш?“, ја запрашал мажот новинарката.

„Што мислиш за пожарот“, го прашала таа.

Меѓутоа се чини, на овој човек не му пречел пожарот.

„Прилично е кул“, одговорил.