ВИДЕО: Најдоброто од доделувањето на „Златните глобуси“

Гламур, елеганција, свечени тоалети и беспрекорни смокинзи, по некоја модна утка, блескав накит, солзи и среќа, црвен килим…вчера беа доделени наградите „Златни глобуси“ кои  беа вистинска прилика за „загревање“ и подготовка за престижните Оскари.

„Златните глобуси“ поминаа во знакот на добитниците, филмот „American Hustle“ и „12 Years a Slave“, но покрај нив, секако се зборуваше и за елегантните модни парчиња.

Водителките Тина Феј и Ејми Фелер во интимна и прилично поопуштена атмосфера отколку што е случајот со „војнички“ испланираните оскари правеле шеги на сметка на најмоќните во публиката – Мерил Стрип, Мет Дејмон и Џорџ Клуни.

Феј ја насмеала публиката со својата верзија на „Гравитација“: „Џорџ Клуни порадо би лебдел сам во вселената отколку да мине една минута со жена на негови години“.

Глобусот за најдобра глумица во драма ѝ бил доделен на Кејт Бланшет за улогата на осиромашена богаташка во трагикомедијата на Вуди Ален „Синиот јасмин“ (Blue Jasmine).

Леонардо ДиКаприо добил награда за улогата на брокерот-измамник во „Волкот од Вол стрит“, негова петта соработка со режисерот Мартин Скорсезе.