(ВИДЕО) Најмалку 15 Палестинци убиени на границата меѓу Газа и Израел

Најмалку петнаесет Палестинци се убиени а стотици се ранети кога израелските безбедносни сили на границата со Појасот Газа отвориле оган врз учесниците на еден од најголемите палестински протести изминативе години кога се приближиле до безбедносната ограда, соопштуваат здравствените работници од палестинската енклава.

Портпаролот на министерството за здравство во Појасот Газа, Ашраф ал-Чидра, изјавил за новинарите дека тројца Палестинци биле смртно застрелани источно од Канан Јунис, на четири километри северно од градот Газа и граничниот премин Рафа кон Египет. Жртвите, кои се од 18 до 45-годишна возраст се застрелани на различни места на одржувањето на масовните протести. Додаде и дека во пукањето биле ранети најмалку 400 луѓе.

Десетици илјади Палестинци протестираа за на палестинските беглаци да им се дозволи правото на враќање во градовите и селата од кои побегнале или биле протерани нивните семејства. Демонстрантите се собрале на пет локации по должината на 65-километарската граница на која се поставени шатори, тврдат локални функционери. Протестот започна на католички Велики петок и почетокот на еврејската Пасха и се предвидува дека ќе трае следните шест седмици.

Палестинците на овој ден ја одбележуваат годишнината на смртта на шест арапски граѓани кои израелските сили ги убиле во текот на протестите против владината конфискација на земјата и имотите во северен Израел во 1976 година.

Семејствата ги повеле своите деца во логорите кои се наоѓаат само неколку стотици метри од израелската безбедносна бариера со енклавата каде што на власт е исламистичкото движење Хамас, кој пред речиси десет години речиси воено се судри со ривалското палестинско движење Фатах, од кое доаѓа палестинскиот претседател Махмуд Абас; и го протера од енклавата. Според преоцените на медиумите, на границите се распоредени околу 30.000 израелски војници.

 

Собраните Палестинци играле фудбал и слушале музика која ја изведувале во живо, но подоцна во текот на денот стотици млади лица ги игнорирале повиците на организаторите и на израелските безбедносни сили да не ѝ се приближуваат на границата која ја контролираат израелските војници.

Израелската војска објави дека нејзините сили користеле „мерки за спречување безредија и дека пукале кон главните иницијатори“ на бунтот. Некои од демонстрантите „туркале запалени автомобилски гуми и фрлале камења“ кон границата и војниците.

Најмалку двајца од загинатите се припадници на Хамас, тврди израелската војска, додека Палестинците објавија дека против демонстрантите, освен гумени куршуми и солзавец, во повеќето случаи е користено огнено оружје, а се споменуваат и стотина распоредени израелски снајперисти. Очевидци тврдат дека за распрашување на солзавецот биле користени дронови.

Израелската војска во соопштението го обвини Хамас дека „цинично ги искористува жените и децата, со тоа што ги испраќа на безбедносната ограда и ги загрозува нивните животи“.

Се очекува дека протестите ќе кулминираат на 15-ти мај, кога Палестинците ја одбележуваат таканаречената „Накбу“ (Катастрофа), односно денот кога е создадена Државата Израел. Израелските власти не им го дозволуваат враќањето на Палестинците на нивните земјишта и истакнуваат дека тие треба да се преселат во идната држава која ја барат во рамките на енклавите Западниот брег (на реката Јордан) и Појасот Газа. Мировниот преговори за таа тема се замрзнати до 2014 година, а се чини дека уште се речиси невозможни, откако САД ги признаа Ерусалим за главен израелски град и најавија дека таму ќе ја преселат својата амбасада. Палестинците сакаа источен Ерусалим да биде главен град на нивната идна држава, но Израел вели дека Светиот град е неделива и историска израелска престолнина.