(ВИДЕО) Најмалку 25 мртви во ерупција на вулкан на Гватемала

Најмалку 25 лица загинале, а уште 300 се повредени во ерупција на вулканот Фуего во Гватемала, изјави ноќта кон понеделникот претставникот на Националниот координационен центар за справување со последици од природни стихии Давид де Леон, пренесува агенцијата EFE.

Според гватемалските власти 653 лица од потенцијално опасните области се сместени во засолништа, и тоа од 378 во департмантот Ескуинтла и 275 во Сакалатес. Засега нема информации за исчезнати лица.

Во Гватемала е прогласено високо ниво на опасност, а во три департманти, Чималтенанго, Ескуинтле и Сакатепекесе е на максимално ниво, Во моментов, последиците од активната ерупција загрозува повеќе од 1,7 милиони луѓе.

„Реки лава го загрозија селото Родео, има повредени, изгорени и мртви луѓе“, изјави генералниот секретар на агенцијата, Серхио Кабанас,. Властите објавија тридневна жалост за жртвите.

Една со пепел покриена жена рекла за новинарите дека лавата се излеала низ полињата со пченка и изразила стравување дека има повеќе мртви.

„Не успеаја сите да побегнат, мислам дека останаа закопани со лава“, изјави Консуеле Ернандез за локалното радио Diario de Centroamerica.

Според експертите од Мационалниот институт за вулканологија, сеизмологија и метеорлогија, вулканот исфрла пепел на височина до 10 километри. Оваа ерупција е една од најмоќните последните години.  Ерупцијата на 3,763 метри високиот Вулкано де Фуего (Вулканот на огнот, на шпански) беше најсилната во последните неколку години. Историските извори бележат ерупција на овој вулкан наназад во текот на историјата до 1531 година.

Фуего се смета за еден од најактивните вулкани на територијата на Гватемала. Се наоѓа на само неколку десетици километри од главниот град. Вулканот се наоша околу 40 километри југозападно од престолнината Гватемала Сити, во близина на Антигва, град познат од колонијалниот период, сега популарен поради туризам и плантажите на кафе.

Ерупцијата предизвика затворање на единствената писта во меѓународниот аеродром „Ла Аурира“ во Гватемала Сити. Управата за цивилна авијација на Гватемала извести дека пистата е затворена поради вилканска пепел, за да се гарантира бебедноста на патниците и авионите.

Војската објави дека евакуирала 3.100 луѓе од подрачјето околу вулканот. Претседателот Џими Моралес веднаш во неделата вечерта ги посети седиштето за управување со кризните ситуации, а набрзо по седнацата на владата беше објавено воведување на вонредната состојба во споменатите окрузи.