ВИДЕО: Најмалку четири жртви на пожарот во Чиле

Најмалку четири лица загинаа во страотниот пожар кој избувна во близина на чилеанското пристаниште Валпарасио. Огнената стихија уништи над 1.000 домови, а поради опасноста евакуирани се 3.000 лица.

Пожарот бил фатален за тројца мажи и една жена. Властите стравуваат од пораст на бројот на жртви.

Поради брзото ширење на пожарот, претседателката на Чиле, Мишел Башле, тоа подрачје го прогласила за зона на елементарна непогода, па започнала евакуација во која што е вклучена и војската.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.