ВИДЕО: Најмалку десет повредени во борба со бикови во Перу

Најмалку десет лица се повредени и пренесени во болница откако борбата со бикови во Перу тргнала наопаку.

Борбата тргнала на лошо кога асистентот го отпуштил јажето со кое ги штител учесниците од бикот. Асистентот најверојатно бил пијан.

Бесниот бик ги нападнал учесниците, кревајќи ги во воздух и фрлајќи ги на земја, притоа бодејќи ги со своите рогови.

Едно младо момче се качило на покривот од автомобил бегајќи од бикот.

Според локалните медиуми голем број од учесниците биле пијани и ја проследувале фамозната борба со бикови на крајот на фестивал кој датира од 17-от век.

Човекот одговорен за пуштањето на јажето подоцна е фатен од група на учесници и казнет со камшикување.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.