ВИДЕО: Најмалку осум украински војници повредени во Славјанск

Најмалку осум украински војници се ранети во борбите во близина на Славјанск.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков и командантот на Националната гарда на Украина, Степан Полтора се наоѓат во Славјанск.

Според Аваков, противникот користи тешка артилерија. Тој исто така тврди дека меѓу напаѓачите на украинските војници имало и Чеченци.

Украинските војници веќе ја зеле под контрола локалната телевизиска кула, по што е обновено емитувањето на украинските канали.