ВИДЕО: Најмасовен митинг во историјата на Македонија

Денеска во Скопје се одржа најмасовниот митинг во историјата на независна Македонија, организиран од владејачката коалиција „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, кои покажаа што значи народ.

Реки од народ вечерва се слееаја кон Собранието на Република Македонија, каде на најмасовниот митинг одржан досега над 90.000 граѓани му дадоа подршка на Никола Груевски за стабилна и силна Македонија, поддршка од македонскиот народ за да се продолжи по патеките на напредокот, по патеките на отворање на нови работни места, по патеките на носење на крупни инвеститори во Македонија, по патеките на зголемување на платите, на пензиите, на социјалната помош, по патеките на силна поддршка на земјоделците.

Ова видео е најдобар доказ што сака народот.