ВИДЕО: Најмладиот бунтовник во Сирија, има само четири години

Има само четири години, а веќе успешно ракува со калашников и на непријателите им порачува дека ќе бидат „заклани“

Абу Бакр од Узбекистан наместо да има безгрижно детство, тој се бори рамо до рамо со членовите на Ал Каеда во Сирија.

Според британски „Мирор“ , ова е најмладиот член на озогласената Ал Каеда, кој со само четири години се бори во Сирија.

Во шокантното видео, тој им порачува на непријателите дека ќе бидат заклани. Неговата порака до сите Муслимани е да се приклучат во операцијата.

Според аналитичарите ова е уште еден од доказите дека  џихадистите ги подготвуваат децата да станат борци на Ал каеда, која се бори да воспостави талибански режим во Сирија.