Свет

ВИДЕО: Најмладиот терорист на ИД на лекување во Шведска

ВИДЕО: Најмладиот терорист на ИД на лекување во Шведска

Иса Даре (4) попознат како Џихадистот Џуниор и’ стана познат на јавноста по две ужасни видео снимки: на едната пука, а на другата извикнува „Алаху Акбар“ и детонира автомобил-бомба во кој има неколку заробеници.

Малиот убиец се разболел, а со оглед на тоа што лекарите не можеле да помогнат, мајката, џихадситка која го одвела во Исламска Држава, успеала да го префрли дури во Шведска.

Никому не му е јасно како Грејс Даре пропатувала девет држави со детето, па се претпоставува дека користела лажен идентитет. Исто така, не е јасно зошто ја избрала Шведска, но Дејли Меил претпоставува дека причината за тоа е што таткото на детето, терористот Абдул Бакр, кој почина во 2014-тата, пораснал во таа земја.

dete-id-2

Дедото на детето претходно даде интервју во кое кажа дека најмалку три пати ја пријавувал Грејс во полиција. На прашањето што мисли дали неговиот внук знае што прави кога вика „Алаху акбар“ и го детонира експлозивот во автомобилот полн со луѓе, дедо му вели дека е уверен дека момчето незнае што прави и оти му е испран мозокот.

-Тој е малолетен. Има помалку од пет години. Под влијание е на Исламска Држава. Премногу е мал. Тоа е пропаганда. Искористуваат мало дете. Го користат како штит, рече дедото.