ВИДЕО: Најсилниот маж во Русија успеа да помести цела куќа

Најсилниот маж во Русија, Елбрус Нигматулин успеа да повлече 30 тона тешка дрвена куќа на оддалеченост од три метри, со што го постави досега најтешкиот рекорд во неговата кариера.

Четирикратниот првак од Русија, 41-годишниот Нигматулин уште еднаш успеа да ја изненади публиката во Челабинск.

Со поддршка од насобраната толпа, тој успеа да ја повлече двокатната куќа од нејзините темели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.