ВИДЕО: Најсмешните новинарски гафови и киксови за 2013

Крајот на годината е време кога се прави рекапитулација на настаните кои ја одбележаа годината.

Но, покрај сите добри моменти вредни за паметење и лошите кои сакаме побрзо да ги заборавиме, има и моменти  кои ќе не’  насмеат до солзи.

Па, така еве едно одлично видео кое ќе расположи и ќе ви докаже дека репортерската и новинарската професија и не се баш лесни како што си мислевте.

Лапсуси, киксови, грешки, по некој смешен инцидент сред снимање, по некој удар, паѓања и треба – ова е најсмешното од новинарите и репортерите во 2013 година.