ВИДЕО: Најстарата мачка во светот има 24 години

Попи е најстарата жива мачка во светот. Има 24 години и живее со нејзините сопственици во  Велика Британија.

Иако оваа мачка за жал е слепа и глува, се уште е шефица во нејзината куќа.

Најверојатно многу обожаватели на мачки ќе се згрозат кога ќе слушнат дека тајната на нејзиниот долг живот е во ќебапчиња и брзата храна, како пилешко и похована риба со компири.

Иако е многу стара со оглед на тоа колку долго мачките живеат во просек, на Попи и недостасуваат уште 14 години да ја достигне староста на најстарата мачка која некогаш живеела – Крим Паф од Аустин во Тексас.