ВИДЕО: Најстрашната порака на џихадистите

ИСИС објави четврто видео на кое британскиот новинар Џон Кантли под закана ја изговара пораката на екстремистите.

Видео снимката трае речиси седум минути, а Кантли, кој е заробеник речиси две години, вели дека Исламската држава е „загрижена за борба“.

Облечен во портокалов комбинезон, 43-годишниот Британец, предупредува дека тоа значи „дека секој кој се надева на фина и суптилна хируршка интервенција, без валкање на рацете ќе биде ужасно изненаден, кога таа ќе биде изведена“.

Новинарот и фоторепортер, кој работел за повеќе весници, додава дека видео снимките на кои е објавено отсекување на главите, покажува победа на Исламската држава.

-Ако тие погубувања предизивикаат јавна побуна или ја сменат политиката, тоа е голема победа. А ако само ги поттикнат нашите влади да фрлаат уште бомби и ја трошат уште милиони долари, со оглед на фактот дека нашите земји се се послаби, тоа е исто така, победа, вели Кантли на снимката.

Гардијано ценува дека ова би можело да значи дека борците на ИСИЛ од странство би можеле да се вратат во своите земји и да напаѓаат внатре во нив, а тоа всушност е и најголемиот страв на многу земји од каде голем број од војниците заминале на џихад.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.