ВИДЕО: Намерно прегази човек на пешачки

Нервозен возач без трошка размислување со своето „бмв“ намерно прегази пешак на пешачки премин.

Снимката која се појави на Јутјуб најверојатно е направена некаде во Молдавија, а на неа се гледа како тројца луѓе поминуваат преку пешачки премин. Откако еден од пешаците ќе му покаже на возачот дека може да помине, возачот на БМВ-то ќе сврти со автомобилот кон пешакот и ќе го прегази, а потоа ќе побегне.