(ВИДЕО) Наместо да нѐ разделуваат, овие празници може да нѐ зближат

Македонскиот премиер Зоран Заев, во придружба на сопругата и на владината делегација во состав министрите Оливер Спасовски и Роберт Алаѓозовски, во рамките на посетата на Република Италија и на Светата Столица (Ватикан) по повод Манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ учествуваше во заедничките активности за чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј, со делегацијата на Република Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов.

Двете владини делегации предводени од премиерите Заев и Борисов учествуваа на молебенот и на церемонијата на полагање на венец на гробот на Св. Кирил во Базиликата Сан Клементе во Рим.

Македонија и Бугарија заеднички го чествуваат денот на сесловенските просветители, Кирил и Методиј.. Премиерите Заев и Борисов, со владини делегации од двете држави положија цвеќе на гробот на Св. Кирил.. Во базиликата „Сан Клементе“ се поклонија и претставници на Македонската православна црква и Римокатоличката црква од Македонија..

Владината делегација од Македонија, во која Заев е придружуван од министрите за култура и внатрешни, свежо цвеќе положи и на споменикот на светите Кирил и Методиј во Амбасадата на Бугарија во Рим..

Дводневната официјална посета на Италија, Македонскиот владин тим ќе ја заврши утре.. Премиерот Заев ќе учествува на Аудиненција кај папата Франциск во Апостолката палата во Ватикан.. Ќе се сретне и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Паролин..

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.