ВИДЕО: Наместо со врата, млечните заби ги вадат со дрон

Наместо со врата, млечните заби ги вадат со дрон. По се изгледа родителите во 21-иот век ја претпочитаат технологијата, наместо старата добра техника со врата и со конец, кога ќе дојде ред да се вадат млечните заби кај дечињата.

Со ова, познатата болна и застрашувачка процедура доби сосема нова и поинаква димензија.

Наместо за врата, конецот сега се врзува за дрон што лета нагоре и веднаш го вади забот, што е мошне позабавно за децата, родителите, но и за гледачите на Јутјуб.

Досега повеќе родители објавиле снимки од оваа новина во вадењето на млечните заби. Погледнете ги!