Свет

ВИДЕО: „Наметка за невидливост“ за џихадистите од ИД

ВИДЕО: „Наметка за невидливост“ за џихадистите од ИД

Теориристичката организација Исламска држава објави видео во кое им покажува на борците како да направат „наметка за невидливост“ и да се сокријат од беспилотните летала на САД.

Во 16 – минутното упатство под наслов „Борба против шпионските авиони“ припадниците на ИД покажуваат дека заштитата од американските дронови „Предатор“ може да се направи со помош на гранки и алуминиумска фолија.

„Наметката за невидливост“ наводно ги оневозможува камерите да ја детектираат топлината на човечкото тело.

Се наведува дека засега не е познато дали оваа наметка функционира или не, но авторите од Научниот институт за Блискиот Исток, тврдат дека алуминиумот треба да служи како бариера за топлината.

Инаку САД веќе 13 години изведуваат напади со беспилотни летала во Јемен, каде веќе биле убиени неколку водечки припадници на ИД.