ВИДЕО: Наоми Кемпбел во божиќна кампања за познат моден бренд

Божиќната кампања на познатата модна куќа Барбери годинава е посветена на британскиот мјузикл „Били Елиот“. Во божиќната приказна со потписот на Кристофер Бејли се најдоа голем број познати личности.

Музиката за споменатиот мјузикал кој годинава слави 15 години е дело на Елтон Џон, а во очи на премиерата што се одржа на 3-ти ноември во Лондон, Кристофер Бејли ја искористи приликата да собере голем број познати личности и да сними видео од 3 минути за вистинска божикна Барбери приказна.

Ромео Бекам во реклама на Барбери
Ромео Бекам во реклама на Барбери

Во видеото се актерката Џули Вотерс, Наоми Кемпбел, Џејмс Беј, Ромео Бекам и  голем број други познати личности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.