ВИДЕО: Нападнат британскиот премиер Дејвид Камерон

Еден 28-годишен Англичанец Вчера во Лидс се затрчал кон британскиот премиер Дејвид Камерон и се обидел да го турне на земја.

Обезбедувањето веднаш реагирало и момчето било ставено во службеното возило.

На телевизиските снимки може да се види како момчето трча директно кон Камерон, кој се наоѓа во посета на Лидс, а потоа доаѓа и во физички контакт со него пред да биде спречен од телохранителите на премиерот.

– Тој сепак не пратставувал никаква закана по премиерот, па веднаш по проверката на идентитетот бил пуштен на слобода, соопшти полицијата.

Сепак, ова претставува сериозен пропуст на обезбедувањето на британскиот премиер, иако официјален Лондон во август го зајакна нивото на опасност од тероризам по заканата која ја претставуваат џихадистите на Исламска држава (ИД).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.