ВИДЕО: Нападната студентска библиотека во Флорида, најмалку три лица повредени

Најмалку три лица се повредени при вооружен напад во Универзитет во Телахаси, главниот град на американската држава Флорида, а осомничениот напаѓач е убиен од универзитетското обезбедување.

Според сведоците напаѓачот влегол во библиотеката каде што студентите учат и почнал да пука.

Локалните медиуми јавуваат дека засега не е познато дали сите повредени се студенти.

Администрацијата на Универзитетот ги предупредила сите студенти за „опасна ситуација“ и им препорачала да побараат засолниште.

Полицијата соопшти дека со ликвидирањето на напаѓачот отстранета е опасноста во Универзитетот во Талахаси.

fl

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.