ВИДЕО: Нападната зградата на турскиот весник „ Хуриет ”

Вооружен напад се случил вчера во канцелариите на турскиот весник „ Хуриет “.

Кон објектот на редакцијата било пукано од страна на засега непознати лица од автомобил во движење.

Напаѓачите испукале пет до шест куршуми, со што ги искршиле прозорците на редакцијата, а потоа избегале.

Полицијата трага по напаѓачите и го истражува мотивот за нападот.