ВИДЕО: Нападнати демонстрантите на плоштадот Мајдан во Киев

Непознати маскирани напаѓачи ги нападнале активистите и го уништиле шаторот на демонстрантите кои од вчера демонстрираа на плоштадот Мајдан во Киев, јавува Раша Тудеј.

Нападот се случил доцна синоќа, а напаѓачите насилно ги рушеле шаторите и ги напаѓале демонстрантите.

Неофицијално, припадниците на полицијата биле веднаш до напаѓачите и не направиле ништо за да се сопре насилството.

Организаторот на Кампањата, Рустам Ташбаев бил уапсен, а покрај тоа биле слушнати експлозии во близина на плоштадот.

Инаку, вчера демонстрантите се собраа на главниот плоштад во Киев, Мајдан и кренаа шатори. Тие побараа претседателот на Украина Петро Порошенко и владата да поднесат извештај за спроведување на реформите што неговата влада ги ветила пред една година.

Околу  100 демонстранти вчера кренаа најмалку пет шатори на местото каде минатата година имаше демонстрации против поранешниот претседател Виктор Јанукович, јавува Раша Тудеј.

Како што изјави еден од организаторите на протестот, Тустам Ташбаев, демоснтрантите бараат Порошенко и неговата влада да им се обратат на граѓаните и да поднесат извештај за спроведувањето на реформите што биле ветени минатата година. Истакнал дека активистите не бараат оставка на владата.

– Ние ја почнавме оваа кампања, кренавме шатори и го нарековме овој протест Мајдан 3. Ние бараме тие луѓе да ги вршат сосптвените должности, што всушност е негова обврска, изјавил Ташбаев.

Мајданските протести почнаа во 2013-та година како мирна кампања поради тоа што тогашниот претседател Виктор Јанукович не сакаше да потпише договор важен за приклучување кон ЕУ.

По ова следеше државен удар и новите власти ветија дека ќе ги спроведат политичките и социјални реформи неопходни за исполнување на економските и демократски норми за Украина еден ден да може да влезе во ЕУ.

Меѓутоа, по се изгледа владата не успеала да ги спроведе конструктивните реформи, со оглед на тоа што во земјата завладеа економска криза и дека таа во голема мерка зависи од меѓународните кредитори.

Порошенко признал дека не е задоволен со она што е постигнато во текот на изминатата година.

– Дали сум за задоволен од работата на владата? Не сум. Ниту од мојата работа, ниту од работата на парламентот. Но, најважно е тоа што луѓето не се задоволни од сите нас, изјави тој во четвртокот во годишното обраќање во парламентот во Киев.

На улиците во Киев во саботата се одржа голем антивладин собир на кој се собраа околу 3.000 луѓе кои бараа оставка од владата и економски реформи.